Хан в понеделник во Скопје

Јоханес Хан, Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика в понеделник доаѓа во Скопје, за да провери до каде се реформите неопходни за интеграција на земјата во ЕУ како и за реализација на планот 3-6-9 на Владата.

Инаку, минатата недела, европратеникот и известувач Иво Вајгл,  го иницираше проектот Жан новиот институт на Европскиот парламент кој треба да биде дијалог меѓу овој парламент и македонскиот парламент.

„Жан Моне“ не е замена за договорот на Пржино, тој останува како што е, рече известувачот за Македонија во Европскиот парламент Иво Вајгл на прес конференција по дводневниот престој во Скопје.

Средбата треба да се одржи последната недела од јануари во куќата на Жан Моне кај Париз без присуство на медиуми.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top