Хан во посета на Македонија

Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан, денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Македонија..

Хан ќе присуствува на 79. седница на Владата на Република Македонија. Единствена точка на седницата е информацијата за концептот и структурата на преговори за пристапување на Република Македонија во Европската Унија. По завршување на владината седница, премиерот Зоран Заев и еврокомесарот Хан ќе одржат заедничка прес- конференција.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top