Хаос на фудбалски меч во Третата македонска лига, во полициска станица завршил и градоначалникот

На фудбалскиот натпревар меѓу екипите на Волино и Црнобуки одигран во Општина Дебарца во рамки на Третата македонска фудбалска лига се случил инцидент со навивачите на домашниот тим..

Полицијата реагирала пред да заврши натпреварот и уапсила неколку навивачи на Волино, односно жители на ова село. При обидот приведените да бидат спроведени во полициската станица во Охрид, жители на селото Волино поставиле барикади при излезот, по што полициското возило не можело да го напушти селото, јавува Охридскај.

Реагирал градоначалникот на Општина Дебарца, Зоран Ногачески, кој за да ги смири страстите и да ги увери жителите на Волино дека нема ништо да им се случи на приведените, влегол во полициското возило и заедно со нив бил спроведен во станица.

Жителите на Волино веднаш со блокадите се префрлиле пред полициската станица во Охрид. Од безбедносни причини сите патишта кон полициската станица моментално се блокирани. Од МВР го потврдуваат инцидентот и работат на решавање на случајот.

Според некои извори инцидентот настанал поради повредување на едно лице кое го истакнало знамето „Сонцето од Кутлеш“, според други изори инцидентот се случил поради незадоволство од судска одлука.

Со комбето во кое биле навивачите заминал и градоначалникот на Дебарца, Зоран Ногачевски. Моментално влезот кон СВР Охрид е блокиран и никој не може да влезе во зградата. Жителите на селото Волино поставиле и барикади во селото, по што полициското комбе не можело да излезе.

Градоначалникот за да ги увери приведените дека нема ништо да им се случи и тој се качил во полициското комбе, а блокадите од селото се префрлиле пред СВР Охрид каде моментално е блокиран бил кој пат кон полициската станица


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top