Хаос од информации каде е екс премиерот - Груевски се уште се крие во Албанија?

Речиси од секунда во секунда се лиферуваат информации каде е поранешниот премиер Никола Груевски и како им побегна на македонските власти за да не лежи робија за предметот „Тенк“..

Никола Груевски се уште не ја напуштил територијата на Албанија. Ова за ТВ 24 го тврдат добро упатени извори во Тирана. Според тие извори сосема е извесно дека Груевски вечерва ќе побегне од Албанија по морски пат и тоа најверојатно во правец на Грција.

Очекувани се три рути преку кои Груевски би одел, од Валона, од Саранда или од едно помало приморско градче. Последната позната дестинација се очекува да биде Турција, каде исто така би пристигнал преку море. Груевски, велат изворите од саботата бил засолнет во мало погранично село, со целосна логистика што му овозможила да биде добро сокриен.

Албанија веќе потврди дека Груевски престојувал во нивната земја, но аспоред нивната полиција, тој ја напуштил државата на 11-ти ноември и заминал кон Црна Гора.

Од Црна Гора исто така официјално велат дека Груевски бил и во Црна Гора, но веќе не е таму без да изнесат дополнителни детали. Останува нејасно како во овие две земји членки на НАТО, Груевски ги минувал границите без валиден пасош.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top