Хаос во Англија – не можат да се договорат за термин!

Бундеслигата продолжува в сабота, Лига 1 е прекината, Серија А и Ла Лига ќе продолжат кон средината на јуни, само во Премиер нема договор..

Раководството на лигата, како што тврди Дејли меил, ќе биде принудено да бара поместување на крајниот рок кој го даде УЕФА за националните првенства и до кога треба да се изјаснат за планот и програмата за рестартот на првенствата. Клубовите од Премиер лигата уште не успеваат да се договорат ништо, а причини за тоа има се повеќе.

Прва дилема е дали натпреварите да се играат на сопствените или на неутрални терени. Потоа е сигурноста на фудбалерите и на крајот објавите на неколку влијателни лица во Британија дека корона вирусот е и тоа како присутен на Островот и дека не се препорачува продолжување на спортските настани. Во Британија се забранети спортски натпревари до 1 јуни, но прашање е дали УЕФА ќе дозволи пролонгирање на крајниот рок.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top