Хаос во Барселона пред Ел Класико: Меси лут, Енрике го навредувал него и останатите ѕвезди во тимот

Дека чуда не се случуваат баш секој ден свесни се и во Барселона..

По потопот на „Паркот на приноцвите“, од „Камп Ноу“ пристигнуваа охрабрувачки и мотивирачки пораки од Луис Енрике и неговите играчи. Чудото на крајот се случи и Барселона успеа да ги надополни оние 4:0 од Париз и се пласираше во четвртфиналето.

Меѓутоа, по дебаклот во Торино се чини дека никој во Каталонија не верува дека Барселона може да ја надополни негативата од 0:3. Последиците од дебаклот се почувствуваа веќе следниот ден, а хаосот во соблекувалната на Барселона дојде како нарачан за Реал бидејќи „Ел Класико“ е на распоредот на „Бернабеу“ за десет дена. За работите за актуелниот шпански првак да биде полоша, на мегдан со „Кралскиот клуб“ нема да излезе нејмар кој е казнет поради навреди и саркастични аплаузи кон судиите на натпреварот против Малага минатата сабота (0:2).

Мадридска „Марка“ пренесува дека Луис Енрике веднаш по натпреварот во Торино веќе во соблекувалната жестоко го нападнал Меси и уште неколку ѕвезди на Барселона, а тоа Аргентинецот не го прифатил тоа кој во средата тренираше сам, одвоен од остатокот од тимот.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top