Харадинај излезе од Црната листа на Америка

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај очигледно повеќе не е на црната листа на Америка бидејќи успеал да добие виза за посета на САД..

Харадинај при посетата на САД се сретнал со Меделин Олбрајт, поранешен државен секретар на САД која ја одигра една од клучните улоги во прогласувањето на независност на Косово и одвојувањето од Србија која беше бомбардирана од НАТО. Таа служеше како државен секретар на САД во време кога Бил Клинтон беше претседател. 

На Медлин Олбрајт, Харадинај и искажал голема благодарност во име на сите косовари. 

Косовските медиуми во врска со визата што Харадинај ја добил во последен момент, оценуваат дека тоа се случило по менувањето на неговиот став околу Специјалниот суд, за кој претходно сметаше дека треба да биде укинат. 

Последните изјави на Харадинај беа во насока дека сепак Специјалниот суд треба да функционира. Улогата на овој суд е да ги процесуира сите дела сторени од поранешни припадници на ОВК поврзани со злосторства и злоупотреби. 

Минатиот месец одекна веста дека на Харадинај му било одбиено барањето за виза во САД. Неговиот кабинет ја демантираше информацијата, уверувајќи дека премиерот не добил одговор по барањето, а не дека истото било одбиено.

Инаку Србија и натаму на сила ја чува потерницата за апсење на Харадинај кого го сметаат за воен злосторник во војните од минатиот век.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top