Харадинај ја оствари првата официјална надворешна посета на Албанија

Со високи државни почести, новиот премиер на Косово, Рамуш Харадинај ја почна првата посета на Албанија..

Харадинај беше пречекан од албанскиот премиер Еди Рама во „Палатата на бригадите“. По свечената церемонија и интонирање на химните, следуваше средбата на двете делегации која беше проследена со инаугурација на Комисијата за организација на сенародната година на Скендербег, под водство на двајцата премиери. На заедничката прес – конференција, двајцата премиери кажаа кои беа точките за кои се согласиле во функција на подготовките за заедничките владини седници на двете земји.

Четвртата заедничка владина седница меѓу Албанија и Косово ќе се одржи на 27 ноември во Корча, каде Рама и Харадинај ќе се обидат да ја забрзаат заедничката агенда за да го вратат, како што нагласија тие, изгубеното време.

Прашањето на демаркација на границата со Црна Гора беше единствената точка за која не се согласни Тирана и Приштина. Премиерот на Косово не го спомна ова прашање, но беше потсетен од новинарите. Неговите ставови беа помеки за разлика од претходно, а во неговата агенда, после Тирана, тој треба да замине во Подгорица.

Рама ова прашање го спомна и во неговото официјално обраќање. Со критички тонови, тој побара од Приштина да не прави недоразбирања со меѓународната заедница и да го реши ова прашање.

Прашани за членството на Косово во УНЕСКО, Харадинај не кажа дали Приштина ги обезбедила потребните гласови, но рече дека тоа ќе биде победа за културното наследство на светот. Рама го нарече апсурден ставот на Србија и на шега рече дека кој зборува за гласови, обично ги нема истите.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top