Харадинај: Ќе ги укинеме царините кога Србија ќе го признае Косово

Спремете се, ќе потраат, порача косовскиот премиер Рамуш Харадинај и истакна дека зголемените царини за Србија би можеле да останат на сила сѐ до признавањето на независноста на Косово..

„Велат дека ова е за дневната политика, но спремете се за можноста оваа мерка да остане многу долго. Може да остане сѐ до признавањето на независноста на Косово од Србија, сѐ додека немаме еден сеопфатен договор, каде ќе има и признавање, и столче во ОН, и исчезнатите лица, и долговите и пензиите...“, кажа Харадинај.

„Ние станавме, ова е суверена одлука и не ја донесоа сојузниците на Косово, туку ние, кога немавме каде повеќе“, изјави Харадинај за телевизијата Клан.

Тој го обвини Белград дека во минатото ги злоупотребувал Србите од Косово, и дека жртвите биле тие и Албанците.

Харадинај истакна и дека „ќе се погрижи за Србите на Косово“ и дека ќе ги снабдува и јужно и северно од Ибар.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top