Харадинај: Косово напредува кон либерализација на визите

Косово напредува кон либерализација на визите и до крајот на годинава ќе добиеме добри вести, изјави премиерот на Косово, Рамуш Харадинај свесен дека без исполнување на критериумите не може да се случи ова..

„Вистина е дека без исполнување на критериумите не се очекува либерализација, но исто така е вистина дека Косово напредува, токму во овие критериуми“. – изјави Рамуш Харадинај, премиер на Косово

Бидејќи демаркацијата меѓу Косово и Црна Гора е критериум за либерализација на визите, Харадинај изјави дека ова прашање може да се заврши со арбитража.

„Исто така, демаркацијата како што знаете не е тема која спие, се работи на таа тема. Колку побрзо ќе имаме резултати, ќе се придвижиме. Оваа тема може да заврши со арбитража бидејќи постојната верзија нема гласови, нема поддршка, се верува дека е грешка. Тогаш во моментот кога ќе се согласиме на арбитража треба да се смета и од ЕУ како решено прашање и верувам дека така и ќе се случи во многу блиска иднина“. – рече Харадинај

Косово се уште не го ратификуваше договорот за демаркација со Црна Гора, бидејќи има противење на опозицијата и нема гласови од две третини. Договорот за одбележување на граничната линија го потпиша поранешниот министер за надворешни работи и актуелен претседател, Хашим Тачи и тоа во 2015 година. Црна Гора го ратификуваше веднаш, додека Косово се уште не може да го направи тоа.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top