Хaрадинај наложи да се платат 30 тегли мед на продавач кому ветрот му ги скрши на пазар

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај наложи од буџетски средства да му се исплатат 30-те тегли мед на еден производител, кому силниот ветар денеска му ги урна од тезгата и се искршија во центарот на Приштина, јави дописникот на МИА..

На малиот, мобилен пазар, на плоштадот „Мајка Тереза“ во косовскиот главен град, домашни производители два пати во текот на неделата имаат можност да ги продаваат своите производи, а денеска, на еден од нив, му се случи непријаност, кога силниот ветар му ја урна тезгата заедно со 30 тегли мед, кои сите се искршија.

Кабинетот на премиерот Харадинај, откако медиумите ја објавија информацијата, соопшти дека се земени податоците од оштетеното лице и „во редовна процедура, преку одредени буџетски линии, премиерот Харадинај ја потпиша одлуката за компензација“.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top