Харадинај: Немаме гласови за демoркатијата

Премиерот на Косово Рамуш Харадинај изјави денес дека во косовското собрание сѐ уште не се обезбедени одумдесетте гласови потребни за ратификација на законот за разграничување со Црна Гора..

Партиите на власт во консултации со другите политички партии се обидуваат да ги обезбедат гласовите, кажа Харадинај и додаде дека седницата за тоа ќе биде кон крајот на оваа или на почетокот на следната недела.

Денес потпретседателот на косовското собрание Џавит Хаљити изјави дека очекува на 9 март да се одржи седницата за ратификација на договорот за разграничување на Косово и Црна Гора.

Според него, вонредната седница не може да се свика сѐ додека не се обезбедат неопходните 80 гласови за усвојување на законот.тој истакна дека би била голема штета доколку не се соберат доволниот број гласови.

За годинава да се заврши процедурата за либерализација на прописите на ЕУ за патување на косовските граѓани без визи, крајниот рок за усвојување на законот за демаркација е крајот на март.

Демаркацијата на границата со Црна Гора е последниот преостанат услов за граѓаните на Косово да патуваат без визи во земјите од Шенгенската зона.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top