Харадинај побара да се вклучат Американците или Германците во дијалогот со Србија

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај смета дека единствено вклучувањето на Американци и Германци во дијалогот со Белград и Приштина може да доведе до резултат..

„Скептичен сум дека би можело да дојде до резултат во овој дијалог, бидејќи се тоа истите луѓе, тоа се Могерини и Ејнхорст, претседателите Тачи и Вучиќ, истите актери во период од пет години. Не разбирам како одеднаш би можело да се промени нешто, како би можеле да се раздвижат нештата“, наведе Харадинај за време на консултатитивниот состанок на Алијансата за иднината на Косово, партијата на чиешто чело е тој.

Харадинај како единствен начин да дојде до промена, го спомена вклучувањето на нови сили во дијалогот.

„Замислете, да отидеме во Брисел и да се вратиме без договор за енергетиката, тоа е дури мала работа. Баравме нови сили во дијалогот, да дојдат Американците. Ако тие тврдат дека ова е прашање на Европа, ќе продолжиме да седиме на масите и ќе дозволиме Европа да ги презеде нештата во своите раце, но нека помогне Германија“, порача Харадинај.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top