Харадинај: Се наоѓаме во најкритичниот период на соработката со ЕУ

Премиерот на Косово Рамуш Харадинај кажа денес на седница на косовската влада дека Косово се наоѓа во најкритичниот период на соработката со ЕУ..

„Ние сега сме во најкритичниот период на соработката со ЕУ. Задачите што ги имаме како ресори не треба да ги запоставуваме, прифатете ги сериозно. Инетересирајте се кои задачи ви даваат добри сигнали“, кажа Харадинај на седницата на која беше усвоена стратегија на односите со јавноста во поддршката на процесот на европската интеграција за периодот од 2018 до 2020 година.

Тој од министрите побара максимално да се ангажираат во борбата против корупцијата и криминалот и за сите други теми.

„Косово треба да има постојани аргументи како за либерализацијата (на визите) така и за кандидатскиот статус (за членство во ЕУ). Болно е толкава работа да не се круниса со голем успех“, кажа Харадинај.

Министерката за европски интеграции Дурата Хоџа кажа дека Косово се стреми до 2020 година да добие статус на кандидат за зачленување во ЕУ и ја информираше владата и за остварувањето на приоритетите на европската агенда на Косово.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top