Хари Кејн се запиша во историјата на Тотенхем, Спарси славеа во првиот меч против Челзи

Фантастичниот англиски напаѓач Хари Кејн вечерва собори еден навистина интересен рекорд..

Неговиот Тотенхем во овие моменти против Челзи го игра првиот меч од полуфиналето од Лига Купот, а Кејн е стрелец на единствениот гол во првиот меч.

Тотенхем дојде до значајна победа во првиот меч од полуфиналето благодарение на Хари Кејн кој во 26. минута беше прецизен од пенал.

До крајот на првото полувреме немаше поголеми шанси, освен онаа на Нголо Канте, но резултатот не се менуваше.

Во второто полувреме Сари на теренот ги испрати Педро и Жиру, а Челзи делуваше многу поофанзивно и поопасно. Имаа „Сините“ неколку добри шанси, а најдобрата ја пропушти Кристенсен кој од само неколку метри шутираше над голот, иако беше речиси празен.

За Кејн ова беше 20. гол за него оваа сезона во сите натпреварувања со што собори клупски рекорд.

Имено, тој стана првиот играч во историјата на клубот кој успеал да постигне барем 20 гола пет сезони по ред.

Се започна во сезоната 2014/15 кога Кејн штотуку се појави на големата сцена, а тогаш постигна дури 31 гол. Подоцна по ред постигнуваше 28, 35 и 42 гола.

Кко тргнал, тој и оваа сезона ќе ја надмине бројката од 30 постигнати голови.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top