Хаверц се откажал од 8.000.000 евра поради Челзи

Каи Хаверц толку многу посакувал да прејде во Челзи што прифатил да се откаже од дел од заработката која му следува само со цел „Сините“ да успеат да го заклучат трансферот со неговиот Баер Леверкузен..

Според „Билд“, новиот најскап германски фудбалер во историјата при потписот на последниот договор со „Фармацевтите“ уфрлил и клаузула според која на него му припаѓаат 10 проценти од следниот трансфер. Во овој случај Хаверц требал да добие 8.000.000 евра, но поради тоа Леверкузен ќе му ја подигнел цената на Челзи со цел да ги извлече посакуваните 100.000.000 евра. Сфаќајќи дека тие 8.000.000 би можеле да го загрозат целиот трансфер, младиот играч заминал кај управата и рекол дека се откажува од парите кои му следуваат според договорот.

Тогаш наводно преговорите добиле забрзан ритам и трансферот во следните неколку дена бил завршен.

За потсетување, Каи Хаверц е рекордер кога станува збор за ова лето и висината на обештетување платена за некој играч. Воедно тој го претекна својот нов соиграч Тимо Вернер како најскап Германец, а за себе си обезбеди плата од околу 10.000.000 евра по сезона…


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top