Хејгел: Борбата против џихадистите ќе биде долготрајна

Хејгел истакна дека ирачките безбедносни сили имаат целосна контрола врз Багдад, но оти стратешкиот сириски град Кобане е „многу сериозен проблем“..

Американскиот министер за одбрана Чак Хејгел изјави во Сантјаго дека борбата против џихадистите од „Исламска држава“ ќе биде долготрајна.

Хејгел истакна дека ирачките безбедносни сили имаат целосна контрола врз Багдад, но оти стратешкиот сириски град Кобане е „многу сериозен проблем“.

„Исламска држава“ освои голем дел од Ирак и Сирија, каде прогласи калифат.

Џихадистите успеаја да освојат и делови на Кобане, во кој претежно живеат Курди.

Градот Кобане се наоѓа на границата со Турција.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top