Хејли: Ако избие војна, Северна Кореја ќе биде целосно уништена

САД упатија предупредување до раководството на Северна Кореја дека земјата ќе биде „целосно уништена“ ако изби војна..

Американската амбасадорка при ОН Ники Хејли на итно свиканата воена седница на Советот за безбедност на ОН изјави дека САД никогаш не сакале војна со Северна Кореја.

„Ако дојде до војна, тоа ќе биде поради континуираните акции на агресија, како што видовме во вторникот. А ако дојде до војна, нема да има грешка, севернокорејскиот режим ќе биде целосно уништен,“ рече Хејли.

Таа истакна дека САД од Кина побарале да го прекине снабдувањето со нафта на Северна Кореја, пренесе Ројтерс.

Амбасадорот на Русија во ОН Василиј Небензиа, го повика Пјонгјанг да ги прекине нуклеарните тестови, а САД и Јужна Кореја да не одржуваат воени вежби во декември, бидејќи тоа би ја „запалило ионака веќе експлозивната ситуација“.

Северна Кореја потврди дека успешно лансирала интерконтинентална балистичка ракета, наведувајќи дека можат да погодат цели било каде на територијата на САД.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top