Хејли: САД никогаш не можат да веруваат на Русија

Поранешната амбасадорка на САД во ОН, Ники Хејли, порача дека САД „никогаш ќе немаат доверба во Русија“ нарекуваќи го официјален Кремљ „агент на хаосот“..

„Русија никогаш нема да биде наш пријател. Никогаш не може да ` веруваме без оглед на околностите, изјави таа на бизнис форум во Лонг Ајленд, Њујорк.

Хејли, која замина од амбасадорското место во ОН во декември лани, е убедена дека Москва се вмеша во американските избори во 2016 година и правејќи раскол меѓу Американците преку социјалните мрежи. Таа вели дека каналите за комуникација со Русија, сепак, треба да бидат отворени.

„Нема лош актер на светската сцена со кој Русија не игра некаква улога“, изјави таа.

Во врска со истрагата за импичмент на претседателот Доналд Трамп што ја иницираа демократите, таа истакна дека истрагата го дефокусира Капитол Хол од многу поважни работи како трипартитниот трговски договор меѓу САД, Мексико и Канада.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top