Хендерсон за „најчудниот“ момент кој ги очекува по ре-стартот

Англиското првенство допрва треба да почне, а се уште се нагодува датумот кога треба да се случи долго најавуваниот рестарт..

Рестартот сигурно ќе се случи без публика, а капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, кој е на чекор од освојување на трофејот со „црвените“, признава дека тоа ќе биде доста чудно, да го подигнат трофејот без публика.

Навистина би било доста чудно, но се разбира дека се уште не е ништо готово. Се уште мора да одиграме на највисоко ниво за да ја освоиме титулата“.

„Доколку ја освоиме, кога станува збор за подигање на трофејот без навивачи, мора да се помириме со тоа. Сепак, верувам дека сите заедно ќе ја прославиме таа титула во тој момент кога навивачите ќе се вратат на стадион“, порача Хендерсон.

Клубовите од Премиер лигата почнаа да тренираат и полека влегуваат во натпреварувачки ритам.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top