Херојот Рашфорд по мечот за „сите пари“ се посрамоти пред цел свет

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд вечерва одигра меч за паметење и со два гол го елиминираше Челзи од ЕФЛ Купот..

Рашфорд во првиот дел погоди од пенал, а во второто полувреме постигна вистинска мајсторија од слободен удар.

По мечот новинарите со нетрпение го очекуваа да земат изјава, а прв кој дојде е „Скај Спорт“. Но тука се случи интересен момент.

Имено Рашфорд изјави дека сепак трите бода биле најважни вечерва. Очигледно малку подзаборави за каков натпревар станува збор или пак можеби бил уверен дека игра лигашки меч.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top