Хилари Клинтон го обвини FBI за нејзиниот пораз

По американските избори за претседател, кандидатката Хилари Клинтон беше забележана секаде само не пред микрофон, но конечно се појави да разговара со Кристијане Аманпур и даде искрена изјава за CNN..

Таа тврди дека не може да се промени и верува дека и понатаму ќе продолжи да биде активен граѓанин и дел од отпорот и презема целосна лична одговорност за нејзините маани како кандидат за претседател.

Во интервјуто таа признава дека била свесна за недостатоците на нејзината кампања истовремено обвинувајќи го Џејмс Комеј и WikiLeaks за нејзиниот неуспех. Таа смета дека писмото што го објавил Комеј на 28 октомври ја одвратило јавноста да гласа за неа. 



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top