Хирошима се сеќава: Денот кога загинаа 140.000 луѓе во еден миг

Нападот со атомска бомба бил извршен по наредба на тогашниот претседател на САД Хари Труман..

Денеска се одбележуваат 74 години од првиот нуклеарен напад во историјата на човештвото, кога САД фрлија атомска бомба на градот Хирошима и ја принудија Јапонија на капитулација, со што заврши Втората светска војна.

Во бомбардирањето на 6 август, 1945 година во еден миг загинаа 140.000 луѓе, а тука не се вбројуваат жртвите кои настрадаа од радијацијата и кои подоцна подлегнале на повредите.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top