Холандскиот Парламент изгласа суспензија на визниот режим за Албанија

Парламентот на Холандија го изгласа барањето на група пратеници за враќање на визите со Албанија, поради „зголемениот албански криминал“ во оваа земја..

– Оваа одлука и дава право на Владата на Холандија да се обрати до Брисел, бидејќи последниот збор во врска со барањето за враќање на визниот режим за албанските граѓани го има Европска Унија, објави тиранската телевизија „Топ-чанел“.

Во барање за укинување на визите за албанските граѓани се наведува дека тоа е неопходно поради видно зголемување на криминалот од страна на албанската мафија во Холандија, дека овие криминални организации ја злоупотребуваат можноста да патуваат без визи низ Европа и да ја прошират мрежата за криумчарење.

– Бевме приморани да бараме суспензија на визите за Албанија поради различни причини, вклучувајќи и спречување на прекуграничниот криминал. Бараме од Владата да поднесе барање до Европската комисија за започнување на процедурата за итно укинување на визната либерализација, зашто голем број Албанци кои пристигнуваат во Холандија како турсти, се вклучуваат во трговија со тешки дроги и шверц на луѓе кон Велка Британија, се истакнува во  барањето.

На собраниската седница шефот на холандската дипломатија, Стеф Блок, изјави дека заострувањето на визниот режим е неосновано и оти тоа може да ги комлицира односите со Албанија.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top