Холанѓанец на гости во Македонија: Имав покачена телесна температура, ме лечеа со ракија

Многумина за Македонија само слушнале, но ништо повеќе не знаат за неа, освен дека постои држава која го носи тоа име..

Какви се Македонците, какви им се навиките, ние многу добро си знаеме, но и светот започнува полека да не запознава.

Коби има македонско потекло. Неговата мајка е од Македонија, која се омажила за Холанѓанец. Тој сега има околу 30 години, а во Македонија има доаѓано се, на се, пет пати до сега.

Секое доаѓање е нов предизвик за него. Секое доаѓање учи нешто ново за Македонија и за македонскиот народ.

Тој за новогодишните празници, заедно со своето семејство дојде тука, во Куманово, родниот град на неговата мајка. Куманово е исто, кога и да дојде нема ништо ново и поразлично. Различно е само Скопје, од последното доаѓање пред 6,7 години, вели тој.

-Колку смешен народ сте вие. Секој ден гости, бацување по три пати, а за јадења да не зборуваме, вели тој. Сите сте насмеани, спремни за дружење и за забава. Имате време за се што ќе посакате, вели Коби.

Коби, е особено изненаден од еден посебен третман кој го доби за време на неговата посета во Македонија. Првиот ден откако пристигнал тука, добил температура. Пиел антибиотици, но не му помогнало. Се мачел со проблемот се додека не дошол до “најдобриот македонски лек”, ракијата.

-Ја сакам ракијата, таа е прекрасна, но ете, не сум знаеле дека била и лековита, се смее тој.

Првин одбивав, бидејќи не верувам во такво лекување, но бабите и тетките се решија да ме лечат. Што да правиш, ќе попуштиш. Најпрвин ракијата ја стоплија на шпоретот на дрва. Потоа земаа една крпа и ја потопија во ракијата. Таква, мокра крпа ми ја шлапнаа на челото. Мислев дека тука завршила целата процедура. Но, не… Ми донесоа чорапи, и ми ги намокрија нозете со оцет, дали ви се верува. Не знаев на што повеќе мирисам, дали на ракија или на оцет. Оваа постапка ми ја повторија неколку пати во текот на денот. И да, јас веќе наредното утро немав температура. Ракијата ме излечи, се смее Коби.

Коби, со секое доаѓање во Македонија учи по нешто ново, но како што вели, ракијата покрај тоа што има добар вкус, таа е и добар лек.

-На Македонците треба сите да им љубоморат. Го имаат најдоброто пиење и најдобриот лек, раскажува Коби.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top