Хонда претставен во Мелбурн: Среќен сум поради мојот нов предизвик!

Искусниот јапонски фудбалер, Кеисуке Хонда, својата кариера ќе ја продолжи во редовите на австралискиот шампион, Мелбурн Викторија..

Долгогодишниот јапонски репрезентативец минатата сезона настапуваше во мексиканската Пачука, а во Европа беше дел од екипите на Венло, ЦСКА Москва и Милан.

„Среќен сум што ќе имам нов предизвик во мојата кариера. Ќе се обидам да го дадам максимумот и да придонесам мојот тим и во иднина да биде победнички“, изјави Хонда.

За тимот на Пачука минатата сезона постигна13 гола, а беше и дел од Мундијалот во Русија и стрелец на еден гол во ремито против Сенегал (2-2). За Јапонија одигра 98 меча и постигна 37 гола, а со четири гола е рекордер по бројот на погодоци на својата земја на Свртските првенства.

Gol.mk


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top