Храна која ги штити бубрезите

Покрај физичките активности, избегнувањето на цигарите, солта и шеќерот, за здравјето на бубрезите од голема важност е и правилната исхрана..

Лукот е одличен избор бидејќи има силни антивоспалителни својства и можности за намалување на холестеролот. Имајќи предвид дека има силен вкус, не е потребно да се додава сол во храната, со што се чува здравјето на бубрезите.

Зеленчукот, како што се кељот, брокулата и карфиолот, е полн со влакна, витамин Ц и К, кои им се потребни на бубрезите за да функционираат. Од овие три намирници, кељот е можеби најдобар извор бидејќи е одличен извор на железо, бета каротен и калциум.

Магдоносот е еден од производите кои ги чистат бубрезите од сите токсини. Може да се комбинира со сите јадења, но најдоброто од него е чајот.

Рибите, како што се сардини и лосос, се полни со здрави маст. Едно британско истражување покажало дека заболените од дијабетес кои редовно консумираат риба можат значително да го намалат ризикот од појава на болести на бубрезите.

Брусниците се богати со антиоксиданти и содржат кинин кој ги отфрла киселините од бубрезите.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top