Христијан Мицкоски доби дополнително обезбедување од полицијата

На барање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а и според направената проценка, МВР од пред еден месец го обезбедува лидерот на опозицијата..

Според правилата на работата на МВР секоја јавна личност, лидер на партија, политичар, новинар, пејач има право да побара полициско обезбедување доколку се чувствува загрозен. МВР прави проценка и потоа решава како ќе одговори на барањето за обезбедување.

Откако неодамна полицијата го укина обезбедувањето на Сашо Мијалков и Никола Тодоров, поранешни политичари и функционери на ВМРО-ДПМНЕ, МВР од пред еден месец позитивно одговори на барањето на Мицкоски за дополнување на неговото обезбедување.

На поранешниот премиер Никола Груевски му следува полициско обезбедување за период колку што бил премиер.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top