Христијан Мицкоски: „Гандиевски“ протести за смена на власта

„Гандиевски“ протести, оставка на владата, и избори..

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на првиот протестен марш со кој ја отпочна опозициската револуција ја соопшти тројната формула за смена на актулената власт. Остана воздржан дали ќе бара предвремени, а првата победа на опозицијата ја очекува на претседателските.

Поддржан од најблиското раководство излезе од седиштето на партијата, а со звуците на партиската химна и колоната поддржувачи се упати кон Владата. Мицкоски, се осврна и на актулениот буџет, зборуваше за не исполнетите ветувања на премиерот Зоран Заев,за растот на економијата, а вети 30 проценти почист воздух кога тој ќе формира влада.

Одговорност побара од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој наместо да решава убиства, апсел опозициски пратеници, па затоа и денешниот протест се одржува на една година од нивнотот притворање за насилствата на 27- ми април. Од бината Мицкоски не спомена ниту помирување, ниту помилување, а граѓаните, кои маршираа со него се сомневаат дека ќе се случи такво нешто.

Планот на првиот опозиционер е да ги посети сите општински комитети, да го мобилизра членството, и секоја среда да протестираат пред Владата.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top