Хуан Гуаидо: Во армијата на Венецуела расте незадоволството

Гуаидо изрази уверување оти „сега станува очигледно дека режимот веќе не може да се потпре на војската за да го осигура своето постоење, бидејќи во армијата постои големо незадоволство”..

Бунтот на група венецуелски војници на 30 април покажа дека има луѓе во армијата кои се незадоволни од постојниот режим, изјави лидерот на опозицијата и привремен претседател на Венецуела Хуан Гуаидо во интервју за францускиот весник „Фигаро“.

Настаните од 30 април нацртаа јасна граница за владејачкиот режим.

-Војската и вработените во јавниот сектор треба да го надминат стравот, вели Гуаидо, кој верува дека наскоро ќе дојде до уривање на режимот на Николас Мадуро. 

Лидерот на опозицијата забележува дека „вооружените сили ќе играат улога во политичката транзиција во Венецуела” и дека „тие се потребни и за преодниот период и за обнова” на земјата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top