Huawei постави предаватели за 5G на Монт Еверест

Huawei i Chine Mobile поставија предаватели за 5G мрежа на 6.500 метри надморска височина..

Во поставувањето учествувале 100 работници и се користело вкупно осум тона опрема, а покриеноста на сигналот е овозможена и на самиот врв, каде брзината на интернетот е 1 GB/s.

Предавателите се поставени од тибетската страна на височина од 5.300 и 5.800 метри  височина, а потоа на 6.500 метри.Поради тешките и непредвидливите услови, поставувањето било навистина предизвикувачко.

-Условите во кои се подготвувавме и ја поставувавме базната станица за 5G мрежата, беа исклучително тешки, а во поставувањето учествуваа 40 шерпи и 60 наши  работници.Се надеваме дека на овој начин Монт Еверест ќе биде приближен до многу истражувачи и вљубениви во природата, а Huawei уште еднаш покажа дека цврсто верува во технологијата која може да го направи овој свет подобро место-  рече Ванг Бо, директор на одделот за достава и услуги на Huawei.

По повод 60-годишнината од првото успешно искачување на Монт Еверест по северната рута и 45- годишнината од првото службено мерење на највисокиот врв на светот, поставена е 5G мрежа, која ќе овозможи следење во живо на идните експедиции од 6.500 метри височина.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top