И Гвардиола прави грешки: Сфатив, тој е еден од најинтелигентните играчи

Пеп Гвардиола во пресрет на утрешниот натпревар против Борнмаут му се поклони на својот играч Давид Силва..

Имено, престојниот меч за шпанскиот фудбалер воедно ќе биде и 400. јубилеен откако игра во Прмеиер лигата во која е воедно како играч на Манчестер Сити освоил повеќе од десет трофеи.

Малку кој можеше да очекува дека Силва ќе стане апсолутна легенда на Премиер лигата кога во 2010. година пристигна на „Етихад“, а меѓу оние кои се сомневале е и самиот Пеп Гвардиола, кој денеска смета дека е најинтелигентниот играч некогаш.

„Му се восхитувам на Силва. Да соберете 400 меча вклучува многу успеси, падови… Се случува фудбалер да одигра една добра сезона, тоа и не е тешко, но на Силва му успева десет години да игра во континуитет на едно високо ниво и за сите навивачи, па и мене самиот е привилегија да го имаме во клубот“, изјави Гвардиола, па додаде:

„Кога штотуку пристигна во Англија си помислив дека нема да се снајде, но, за среќа, не бев во право. Тој е еден од најинтелигентните играчи кои некогаш сум ги видел. Тој е еден од најдобрите играчи на светот кога зборуваме за снаоѓање на мал простор“, додаде менаџерот на Сити.

Оваа сезона за Силва воедно ќе биде и последна во кариерата, со оглед на тоа дека претходно најави повлекување, а по заминувањето на Венсан Компани во меѓувреме Силва доби шанса да го предводи тимот како капитен.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top