И по претставата - "претстава" на крајот од Охридското лето!?

Фејсбук статус на Веле Митаноски.

Завршната претстава “На ничија земја” со која синоќа, на просторт на воената касарна во Охрид, заврши 57-то “Охридско лето”, имала уште еден чин, откако најголемиот број од публиката, мегу нив и јас самиот, заминавме.

Третиот чин започнал за време на свечениот коктел, на кој беше и претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, а продолжили на заминувањето.
Според очевидци, дошло до нов постетарски драмски конфликт, измегу актерот Сашко Коцев и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Како и во самата драма, повторно репликата: ММЕ кој прв почна!?

Наводно, прв почнал Коцев незадоволен од фактот што, според него, публиката немала услови да ја следи претставата!

Но, дали својот бес Коцев го истурил на вистинската адреса?

Не бев сведок, непосредно пред тоа си заминав, но до нова официјална реакција, го користам она што, после денешниот завршен прес во Дирекцијата на Летото, го осознавме од брифингот на драмскиот селектор Љутков.

Имено, градоначалникот немал ништо со изборот на локацијата. Тоа заеднички го направиле Дирекцијата и режисерот Морфов.

Дали,по вербалниот, дошло и до физички контакт и пресметка, измегу актерот Сашко Коцев и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, ќе дознаеме подоцна.

Според очевидците дошло, а во разделувањето учествувал и еден новинар, позамашен мој колега.

На местото на настанот дошло полициско комбе и од актерот Коцев биле земени лични податоци во записник. Потврда за инцидентот од СВР во Охрид, засега нема, но нема и демант. 

Само потврдуваат дека имало полициска интервенција!


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top