И покрај протестите Парламентот на Албанија го изгласа законот „анти-клевета“

Во својот говор во Собрание, премиерот на Албанија, Еди Рама рече дека овој пакет не е негово дело или на владата, туку истиот е во согласност со ОСБЕ..

Парламентот на Албанија со мнозинство гласови го изгласа пакетот од закони „анти-клевета“, закони за медиумите, кој што беше многу дискутиран во јавноста.

И покрај протестите на новинарите, првиот пакет-закон за Аудиовизуелни Медиуми доби 82 гласа За, 13 беа против, додека пет пратеници беа воздржани.

Вториот Закон за Органот за електронски и поштенски комуникации беше изгласан со 87 гласа За, 10 против и тројца беа воздржани.

На таканаречениот пакет „анти-клевета“ остро се спротиставија медиумските организации и невладиниот сектор, оти според нив, со овој закон се воведува цензура на слободниот збор.

Во својот говор во Собрание, премиерот на Албанија, Еди Рама рече дека овој пакет не е негово дело или на владата, туку истиот е во согласност со ОСБЕ. Исто така во текот на денешната седница беше изгласан и буџетот за 2020 година.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top