И Роналдо го зафати кризата, ама има поголема плата од четири клуба во Серија А

Газета дело спорт денеска ги објави податоците за платите на фудбалерите во италијанското првенство..

Убедливо најплатен и натаму е Кристијано Роналдо за кого во текот на денот беше објавено дека има проблеми во своите хотели кои кубурат со средства, како последица на пандемијата со корона вирусот. Португалецот има годишна плата од 31 милион евра што е повеќе од буџетите на четири клуба во Серија А.

Нештo помалку од неговата, изнесуваат платите на сите фудбалери на Удинезе, чиј член е нашиот Илија Несторовски. Во Верона вкупно заработуваат 24, а во Кротоне и Специја по 22 милиони евра. Инаку, Роналдо има речиси четири пати повисока плата од првиот следбеник во тимот на Јувентус – Матијс де Лихт кој заработува осум милиони евра по сезона.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top