И Роналдо се свести: Згрешив што го напуштив Реал!

Можеби Јувентус победува, освои една шампионска титула, но Кристијано Роналдо на индивидуален план не е ни сенка на фудбалерот од Реал Мадрид..

Некои сметаа дека е очекувано првата сезона да биде слаба поради привикнувањето на новиот стил на игра, на новите соиграчи и новата лига, но втората е уште полоша од првата бидејќи на три недели пред крајот на годината Роналдо има само седум гола во Серија А (три од пенал) и еден во Лигата на шампионите.

По неговото заминување и Реал влезе во криза, минатата сезона не освои ништо, но оваа полека се опоравува и влегува во форма. Сепак, Роналдо во меѓувреме сфатил дека направил грешка со трансферот во Јувентус.

„На своите пријатели тој им признал дека згрешил што си заминал од Реал. Сега е сигурен дека ако останел во тимот, ќе ги освоел Златните топки во 2018 и 2019 година“, изјавил за португалскиот портал bolavip.com близок пријател на Роналдо.

Место него, Златната топка минатата година ја освои Лука Модриќ, а оваа му припадна на најдобриот на сите времиња Лионел Меси.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top