И Русите си имаат мака: Аргентина и Англија ќе играат на нива

На неполн месец пред почетокот на Светското првенство, Русија има проблем со состојбата на дел од терените на кои ќе се играат натпреварите..

Најмногу со оној во Нижњи Новгород на кој, меѓу другите, ќе играат репрезентациите на Аргентина и Англија. Неодамна во овој град паднал снег и тотално го уништил теренот кој сега изгледа како нива. Фотографии од него му беа испратени на претседателот на Фудбалската федерација на Русија, Виталиј Мутко.

Тој кренал раце и соопштил дека не може да се направи ништо освен да се полива земјата и сите да се надеваат дека ќе никне нова трева.

На стадионот во Нижњи Новгород ќе се играат вкупно шест натпревари на Мундијалот. Први таму ќе излезат Шведска и Јужна Кореја на 18 јуни, три дена подоцна играат Аргентина и Хрватска, а потоа уште Англија и панама и Швајцарија и Костарика. Таму се планира ни и бдва натпревари од нокаут фазата, по еден од осмина и четвртфиналето.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top