И тоа се случи - Путин го брани доларот

Русија се обидува да ги минимизира финансиските ризици поврзани со санкциите, но сепак не се откажува од доларот, изјави рускиот претседател Владимир Путин..

Тој предупредува дека политичките конфликти можат да ја поткопаат довербата во американската валута.

„Треба да ги намалиме тие ризици. Гледаме што се случува со санкциите, со незаконските ограничувања и свесни сме за ризиците, но се обидуваме да ги минимизираме“, изјави Путин во Јоханесбург, каде вчера се одржа самитот на лидерите на групата БРИКС, која ја сочинуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.

Путин додаде дека Русија, сепак, не се откажува од доларот.

Според извештајот на американското министерство за финансии, Русија е на списокот помеѓу највисоко рангираните американски обврзници.

Путин ги смета за стратешки грешки американските рестрикции, кои се однесуваат на доларот и додаде дека Американците системот за плаќање го користат како аргумент во политичките конфликти, што може да ја загрози довербата во доларот.

Според неговите зборови, многу земји ја разгледуваат потребата, за тоа девизните резерви да бидат во друга валута, со цел светската економија да биде што постабилна.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top