И во Велес ќе има референдум против изградба на станиви за мигранти

Референдумот ќе одржи заедно со локалните избори..

Со 12 гласа „за“ и 8 „воздржани“ Советот на општина Велес одлучи да има референдум на кој граѓаните треба да се изјаснат дали се за изградба на станови за беглаците. 

По петчасовна дискусија – советниците од мнозинството,  предводено од ВМРО ДМПЕ не ги прифати аргументите на советниците од СДСМ кои посочија дека референдумот е апсурден и дека се користи за да се одвлече вниманието на гласачите од вистинските теми. Не помина ниту предлогот референдумот да се одржи една недела пред локалните избори.

Освен Велес, референдуми на ист ден ќе има и во повеќе градови, каде градоначалниците се од редовите на ВМРО ДПМНЕ, и  покрај тврдењата на СДСМ дека ниту има намера да гради, ниту пак се бараат локации. Аналитичарите ова  го протолкуваа како обид на опозицијата да изнесе што повеќе гласачи на избори, со непостоечка тема.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top