И Заев и Ахмети и Мицкоски на координација со пратениците за законот за јазиците

Пред почетокот на собраниската седница закажан за во 13 часот, пратеничките групи во Собранието одржуваат состаноци со лидерите на нивните политички партии за закажаната точка од дневниот ред - Законот за употребата на јазиците..

Во Собранието во моментов се и лидерите на СДСМ, ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев, Али Ахмети и Христијан Мицкоски. Пред зградата на Собранието во тек е протест против усвојувањето на овој закон.

Ахмети изјави дека очекува законот да биде донесен.

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека законот не треба да биде донесен без да има амандманска расправа.

Продолжението на 32. седница на Собранието на која на дневен ред се амандманите за законот за употреба на јазиците во трето читање е закажана за 13 часот. 



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top