Ибра: Ковид19 се осмели да ме предизвика, тоа е лоша идеја!

Вчера беше потврдено дека Златан Ибрахимовиќ е позитивен на Ковид19, и дека нема да биде дел од мечот на Милан против Бодо/Глимт, кој го победија со 3:2..

Како изненадување дојде веста за Ибрахимовиќ и Ковид19, бидејки сите очекуваа да го видат на терен со цел да биде дел од натпреварот, но на крајот Милан остана без неговите услуги.

Накратко откако беше објавена веста дека е инфициран од вирусот, Ибрахимовиќ се јави во свој стил:

„На претходниот тест бев негативен, веднаш потоа на следниот ми покажа дека сум позитивен. Во моментов немам симптоми, но Ковид19 има очигледно смелост да ме предизвика. Тоа е лоша идеја“, порача Ибра на Твитер.

Швеѓанецот ќе биде во изолација две недели, по што потоа ќе следува нова серија на тестови на кои ќе мора да покаже и докаже дека е негативен со цел да се врати на нормалните дневни обврск исо клубот од Милано.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top