Ибра во свој стил: Да не бев оженет ќе го ширев своето семе низ Америка!

Златан Ибрахимовиќ повторно ја забавува јавноста со своите изјави, а најновото шоу го приреди во телефонски разговор за една американска емисија..

Ибра зборуваше за Леброн Џејмс, Лос Анџелес, но и за тоа како би го подобрил развојот на фудбалот во САД.

„Да не бев оженет, ќе го ширев своето семе низ Америка и така ќе помогнев за развојот на фудбалот во САД. Сопругата ме праша дали се шегувам, но јас и реков дека сум сериозен. Но, сеедно, ништо од мојата банка за сперма, единствено мојата сопруга ги прима моите „инвестиции“. Имам два сина дома и тие ми се доволни, ги одгледувам како нинџи“, изјави Ибрахимовиќ.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top