ИЦЕ АТАНАСОВСКИ: НАШИНЦИТЕ ВО ДАЛЕЧНИТЕ ЗЕМЈИ СЕ ЖЕЛНИ ЗА МАКЕДОНСКА МУЗИКА!

Атанасовски вели дека нашинците во овие земји се желни за македонската традиционална музика..

Покрај бројните настапи во земјава, саксофонистот Ице Атанасовски често настапува и надвор од нашите граници. Тој неодамна имаше успешна турнеја во Швајцарија, каде настапуваше заедно со неколку истакнати музички имиња од македонската естрада. Истотака тој оствари и концерт во Германија за Стара нова година, а за големиот христијански празник водици беше во Словенија заедно со Марјан Коцев.

-За Новогодишните празници и Дочекот на Нова година бев во Швајцарија во Лозана. Поздрав до мојот менаџер Хари Сековски, имавме преубава турнеја со маестро Милан Завков, Бобан Мојсовски и Стојне Николова. И божикните празници ги поминав во Швајцарија каде имавме добра забава и бевме топло пречекани од нашинците во Лозана. После тоа за Стара нова година бев во Германија и последната свирка беше во Словенија за нашиот празник Водици.-истакна музичарот.

Атанасовски вели дека нашинците во овие земји се желни за македонската музика, а радува фактот дека македонските музичари во последно време се доста барани таму.

-Како што поминува времето, се повеќе и повеќе не бараат на турнеи, се повеќе сакаат македонска музика и мило ми е што го сакаат нашето традиционално, како нашите инструменти така и песните. Тоа е навистина добро да се види и да се доживее тој амбиент кој го прават нашите во странство.-додава тој.

Инаку, Ице подготвува албум со негови авторски дела, за кој во следниов период ќе следи и комплетен видео проект кој ќе биде во соработка со ИН Продукција.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top