Ицо Најдовски: Револтот на народот ќе биде голем

Не смее да се случи предавство во Собранието, апелира Ицо Најдовски, историчар и експерт за мултикултура..

“Преспанскиот договор е капитулантски, понижувачки, антимакедонски и антиуставен. Тоа не е договор, туку е наметнат нов устав на РМ на 19 страници”, смета долгогодишниот активист за човекови права на Македонците во соседните држави и во иселеништвото, кој постојано е на релација Мелбурн – Македонија.

“Најпогубниот дел за македонскиот народ и за Македонија од тој договор се членот 1, точка 3, и членот 1, точка 12. Имено, со точката 3 се брише името на македонскиот народ и идентитет, а со точката 12 од страна на Грција децидно се бара Македонија да направи промена на Уставот, особено во најзначајниот дел, преамбулата, членот 3 и членот 49. Овие промени во Уставот не се познати за јавноста, затоа што ако се обелоденат, револтот кај македонскиот народ ќе биде голем.

Според мене, во преамбулата ќе се избрише Илинденското востание, од каде што се црпат идеалите за формирање сопствена држава на македонскиот народ, идеали што се опфатени со асномските одлуки од 1944 година, со формирањето на Социјалистичка Република Македонија и конечно реализирани со независноста на Република Македонија во 1991 година.

Тоа ќе се замени со новата преамбула дека македонскиот народ и албанскиот народ ќе бидат носители на државноста со другите етнички заедници или, пак, втората опција е Македонија да биде држава на граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Власи…”, смета Најдоски според кого со тоа македонскиот народ ја губи државотворноста како носител на суверенитетот и интегритетот на Република Македонија.

Во интервју за Нова Македонија Најдовски анализира и други прашања од договорот со Грција.

Извор: Експрес


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top