ИД потврди дека стои зад неуспешните напади во Париз и Брисел

Екстремистичката организација Исламска држава (ИД) потврди дека стои зад неуспешните напади кои минатиот месец беа извршени во Брисел и Париз..

Потврдата дека ИД е одговорна за неуспешните напади е објавена во најновото издание на „он лајн“ списанието на ИД „Румијах“.

Инцидентот во Брисел се случи на 20.јуни, а напаѓачот бил убиен од војник кој бил на местото на нападот.

Ден претходно, на Елисејските полиња во Париз, еден човек со своето возило, полно со оружје и експлозив, влетал во полициски конвој. По сударот не се случила никаква поголема експлозија, а напаѓачот починал од повредите.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top