ИД со нови закани за напади во Иран

Џихадистичката ИД упати закани до Иран за нови терористички напади во главниот град Техеран..

Во видео запис објавен од информативната агенција на ИД, Амак, младите Иранци се повикуваат да почнат со џихад во својата татковина.

Во видеото прикажани се инсерти од двата напада во иранскиот главен град во јуни за кои одговорност презеде ИД. Во тие напади загинаа најмалку 18 луѓе. Агенцијата наведува дека Иран е еден од најголемите непријатели на Блискиот исток.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top