ИДЕНТИФИКУВАН НАПАЃАЧОТ ОД ЦРКВАТА ВО ТЕКСАС КОЈ УБИ 27 И РАНИ 30 ЛУЃЕ

Напаѓачот кој уби најмалку 27 луѓе во црква во во Баптистичка црква во градот Садерленд Спрингс, Тексас, е белец на возраст од околу 20 години, јави телевизиската мрежа Еј-Би-Си..

Телевизијата повикувајќи се на полициски извори наведува дека е извршена прелиминарна идентификација на напаѓачот и е откриено дека тој неодамна се „пофалил“ на Фејсбук со пушка која наликува на АР-15.

Според очевидци на инцидентот, напаѓачот истрелал повеќе од 30 куршуми од полуавтоматско оружје.

Напаѓачот мирно влегол во црквата за време на неделната служба и почнал да пука, при што уби 27 лица, а десетина се повредени. Во инцидентот убиен е и напаѓачот.

Се уште не е познат мотивот за нападот.

Тексас има многу либерален закон за оружје, така што може да се купи пиштол, пушка и муниција без дозвола, а единствен услов е купувачот да има 18 години. Наполнетото лично оружје дозволено е да се носи во возило без посебна дозвола, додека за носење на видливо место потребна е дозвола за носење.

Истрагата за нападот ја спроведува ФБИ. Тоа е најсмртоносно масовно убиство во историјата на Тексас и најсмртоносен напад во некој верски објект во историјата на САД.

Нападот во Тексас се случи само еден месец откако 64-годишниот Стивен Педолк во Лас Вегас уби 58 луѓе, а повреди над 500 лица. Нападот на Педок досега е најсмртоносен во историјата на САД.

Заедно со нападот во Тексас, во последните десет години во САД во пет слични злосторства убиени се речиси 200 луѓе.

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој е на 12-дневна турнеја во Азија, изјави дека ја следи ситуацијата во Тексас.

– Бог нека биде со народот на Садарленд Спрингс. ФБИ и претставниците на законот се на лице место. Ја следам ситуацијата од Јапонија, напиша Трамп на Твитер



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top