Игор Александров од Австралија: Да, сакам ДПМНЕ да изгуби на овие избори

Статус на Игор Аврамовски Александров..

“Еве колку народ можело ДПМНЕ да извади на протести против антимакедонското рушење на Уставот на Република Македонија, ако сакало раководството.

Плус тогаш ќе ги соберело и оние кои сега ќе ги бојкотираат затоа што прогледале низ лицемерниот ‘патриотизам’, кој носи уште поголема штета од Заевизмот, бидејќи одвнатре ја поткопува македонската ослободителна кауза, во служба на приватни и странски интереси.

Од каде наеднаш пари и логистика за вакви митинзи? Нели со замрзнување на имотите и другите опструкции власта ги остави без можност да прават протести против Северната дивотворба? Или сега баш власта ги спонзорира???

Ова раководство треба што побргу да се прегази, за да се отвори простор за ново раководство или нова партија, пред да се деморализираат и оние кои сеуште не се продале.

Инаку за Северната дивотворба по некоја година ќе ни зборуваат ‘заборави го тоа, нема веќе назад’, како што денес зборат за Рамковниот договор од Охрид, за етничкото чистење на северозападна Македонија и за репресивната Грчка и Бугарска окупација на јужниот и источниот дел на Македонија.

Затоа, ако ми рече некој дека сакам ДПМНЕ да изгуби на овие Северни избори, ДА, САКАМ. И тоа поразот да биде како на локалните избори, по можност. Што поголем поразот за ДПМНЕ во Северната трка со Соросовиот кандидат, толку поголем поразот и за Северната дивотворба на Заев/Ахмети и странските спонзори.”

Извор: Балкан.мк


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top