Игор Александров од Австралија: Не можам да поверувам дека Заев е сеуште на власт

Статус на Игор Аврамовски Александров..

,,Тешко ми е да поверувам дека интелигентен политички активист или аналитичар од Македонија е навистина изненаден што ветувањата на СДС за правда и влез во ЕУ и НАТО, преку предавство на македонската државност, македонскиот суверенитет, македонскиот идентитет и човековите права и слободи, толку бргу и вулгарно се покажаа како велеизмама.

Помина повеќе од година откако пишував дека за Заев ќе биде успех да се одржи на власт една година, колку што ќе биде потребно за на наивните да им стане јасна измамата, неговата партиска и коалициска клиентела да почне меѓусебно да се јаде заради неисполнети очекувања, префрлување на вина, и затоа што едни профитирале повеќе од други, па кукавичките глувци да почнат да го напуштаат бродот што тоне, свесни за непредвидливата опасност од изневерениот народ.

За мене е неочекувано што издржа до сега, но тоа најмногу се должи на колаборационистичката опозиција, за која добар дел од народот е свесен дека ако дојде на власт ваква каква што е само ќе ја направи штетата од Заевизмот понепоправлива.

Поточно, предолгиот живот на Заевизмот најмногу се должи на недостигот на кредибилно и широкопрепознатливо водство кон темелно расчистување со заедничкиот режим на СДС/ДПМНЕ/ДУИ. Но подобро да се почека здрава подготовка за вистинско рушење на Заевизмот отколку да биде запечатен со другата страна на квислиншко-криминалната паричка.”


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top