Игра без игра – ама Гетафе ја исполни целта

Гетафе и Ајакс го одиграа вториот натпревар со најмалку активни минути во историјата на Лигата Европа..

Според Опта, која се занимава со интересни статистички показатели, на мечот биле одиграни 42:36 минути. 

Многуте паузи им одговараа на фудбалерите на Гетафе, а ја уништија играта на Ајакс кој мораше да се помири со поразот од 0-2.

Интересно е тоа што тимот од Амстердам последната година славеше на гости кај Лил, Валенсија, Реал, Јувентус и Тотенхем, но не успеа да најде лек за Гетафе иако шпанскиот тим во моментов е на третото место во шпанското првенство.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top